Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп се позитивни на коронавирус, соопшти утрово SKYnews.
Исто така и самиот Трамп, напиша на неговиот Твитер профил дека е позитивен на ковид-19 и дека веднаш ќе биде изолиран и ќе започне со третман за закрепнување.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил тестиран за новиот коронавирус откако негова соработничка Хоуп Хикс била заразена, јавија американски медиуми.
Претседателот ја потврди информацијата за инфекцијата на Хикс.