Познатиот индустријалец и директор на компанијата ФЕАЛ од Широки Бријег, Јозо Богдан (66) почина во во Загреб, откако пред два дена беше убоден од пчела во Мостар.
Познатиот претприемач паднал во анафилактичен шок по убодот од пчела. Потоа бил итно пренесен на Универзитетската клиничка болница Мостар, каде што лекарите го реанимирале. Медиумите вчера претпладне информираа дека тој со хеликоптер најверојатно е пренесен на лекување во германска болница, но, сепак, завршил во Загреб.
Инаку, Јозо Богдан кој беше познат и како “крал на хергеговскиот алуминиум“, беше сопственик на една од најуспешните компании во Босна и Херцеговина, која се занимава со производство на алуминиум и вработува стотици работници. Во 2013 година, тој беше прогласен за претприемач на годината во БиХ и беше еден од најбогатите луѓе во земјата.
Покрај матичната компанија, неговата групација ја сочинуваат уште девет други компании, во Хрватска, Германија и Австрија, со вкупно 650 вработени.
Богдан потекнува од сиромашно семејство во западна Херцеговина, а добар дел од животот го поминал во Германија како градежен работник.