Во резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во во местото Ново-Огариово во близина на Москва е поставен специјален тунел за дезинфекција за заштита од коронавирус, известува новинската агенција РИА.
Кога некој ќе влезе во тунелот, „водената магла“ ја опфаќа облеката и изложени делови од телото кои се дезинфицираат со раствор.
Како што се наведува, тунелот е опремен со програма за препознавање на лица и мерење на телесната температура.
Руската компанија „Motorne tehnologije“ од регионот Пенза е задолжена за производството и инсталацијата на тунелот.
Претходно, Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ изјави дека сите кои се среќаваат со Путин мора да минат тестирање на новиот вирус. Според него, Владимир Путин целосно не ги исклучи директните контакти, туку ги минимизирал и сите се одвиваат зачувувајќи ја социјалната дистанца. Но агенцијата потсети дека еден месец подоцна Песков објави дека е заразен со коронавирусот.
Во Русија се пријавени повеќе од 545.000 случаи на коронавирус, повеќе од 7.000 пациенти починале, а скоро 300.000 се излечени.
В резиденции Путина для защиты от коронавируса установили специальный туннель. Он предназначен для дезинфекцииhttps://t.co/jjwWbuZ2EX pic.twitter.com/h62KWARvsr
— РИА Новости (@rianru) June 16, 2020