Познатиот американски спортски фоторепортер Ентони Кауси почина на 48-годишна возраст, откако се бореше со коронавирусот три недели.
Овој ветеран на фотографија веќе 25 години ги следи спортските клубови во Њујорк, работејќи за Њујорк Пост.
Тој беше хоспитализиран на 22 март, кога ја објави и последната фотографија на Инстаграм, како лежи во болница на респиратор.
„Никогаш не мислев дека може да ми се случи вакво нешто. Мислев дека сум неуништлив“, напиша Кауси, кој остави сопруга и две мали деца.
„Ентони Кауси беше наш колега, наш пријател и голем новинар“, рече Стивен Линч, главен уредник на „Њујорк пост“.
„Едноставно, тој беше еден од најдобрите спортски фоторепортери во Њујорк, фотографирајќи ги сите моменти во последните 25 години“, додаде Линч.