До 27 април се продолжува мерката за забрана за работа на продавниците во Грција, која исто така важи и за организираните приватни и јавни плажи и ски центрите.
Исклучок од мерката што стапи во сила на 18 март се супермаркетите, аптеките, бензинските пумпи, банките, пекарите, продавниците за миленичиња, месарниците, трафиките, доставата на храна, сервисите за поправка на автомобили, како и продавниците што работат преку интернет.
Инаку, во Солун со дрон со снимена порака ги потсетуваат граѓаните дека треба да останат дома.