Засега не се објавени причините од кои починал легендарниот Србин, кој во својата богата тренерска кариера е единствениот што ги водел Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид. Како фудбалер играше за Слобода Ужице, Партизан, Фенербахче, Сарагоса и Лутон.
Речиси целата своја тренерска кариера ја мина во Шпанија, каде ги тренерираше Сарагоса, Атлетико Мадрид во три наврати, Реал Мадрид, Барселона, Овиедо и Селта. Беше селектор на Србија од 2008 до 2010 година, а неговите два последни ангажмани беа во Кина во Шандонг Луненг и ХебеиЧајна Фортјун.
Најголем успех на Антиќ во тренерската кариера беше освоената двојна круна со Атлетико Мадрид во сезоната 1995/1996.