Пелтечеше, читаше од лист и го помеша Трамп со сопругот: Луѓето брутално ѝ се потсмеваат на новата портпаролка на Белата куќа (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Ако мислите дека сте лоши во својата работа, можеби ќе ве утеши првата прес-конференција на новата портпаролка на Трамп, Кејти Закарија. Нејзиниот настап траел само 14 минути, а поголемиот дел од времето го поминала читајќи однапред подготвени пофалби за Доналд Трамп.

Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што корисниците немилосрдно го коментираат нејзиното пелтечење и тешкотиите при читањето, а некои дури и се потсмеваат дека „не знае ни да чита“.

Посебно внимание привлекол моментот во кој Закарија направила лапсус и го помешала Трамп со својот сопруг. Иако веднаш ја поправила грешката, снимката од тој момент дополнително поттикна потсмев на социјалните мрежи. Нејзиниот прв настап беше критикуван и поради тоа што им дозволила на новинарите да постават само неколку прашања, додека поголемиот дел од прес-конференцијата го посветила на пофалби за Трамп и неговата администрација.

Брутални коментари на социјалните мрежи

Снимката од првиот настап на новата портпаролка брзо стана вирална, а корисниците на социјалните мрежи не штедат на критики. Особено внимание привлекле нејзиното пелтечење, читањето на однапред подготвениот текст и несигурниот настап.

„Речиси е исто толку неписмена колку и Трамп“, „Исусе Боже, овие две години ќе бидат долги“, „Можеби грешам, но не мислам дека ја добила работата благодарение на способноста за читање“, „Срамно. Ова е вистинска прес-конференција во Белата куќа, а не сценарио за Сатурдеј Најт Лајв“, Ѝ давам два месеци“, „О, Боже, ова е болно за гледање“, се само дел од коментарите.

останати вести