Адам Луис (55) кој му се накашлал на полицаец во лице и му се заканувал дека ќе го зарази со коронавирус е осуден на шест месеци затвор – соопшти лондонската полиција.
„Сметаме дека ова е првата затворска казна изречена во Лондон за инцидент поврзан со Covid-19 во кој учестувал полициски службеник“, се наведува во соопштението на полицијата на британската престолнина.
Инцидентот со случил во вторникот, кога полицаец проверувал 55-годишник откако минувач предупредил дека маж ограбува автомобили во квартот Вестминстер, на западот на Лондон.
Кога полицаец сакал да го претресе, сега осудениот Адам Луис извикал:
„Имам ковид! Ќе ти се искашлам в лице и ќе го добиеш!“. Луис потоа намерно се накашлал кон полицаецот, сакал да го плукне и да го гризне, се додава во полициското соопштение.