Знамето на Северна Македонија попладнево е кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса. На свечената церемонија присуствуваа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседавачот на Воениот комитет на Алијансата маршал Стјуарт Пич, и в.д. шефот на Постојаната мисија на Република Северна Македонија при НАТО, Зоран Тодоров.
– Ова е историски момент за Северна Македонија. 30 знамиња сега ќе се веат заедно, симбол на нашето единство и солидарност. Доаѓа после години на посветеност и заложба за реформите. Исто така, да ја поздравам одлуката за Европската Унија за отпочнување на преговори. Во времиња како ова, пријателите и сојузниците се побитни како никогаш досега – рече Столтенберг.
Свечената церемонија на подигањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, преку видео врска го следеа и членовите на македонската влада.
-Денеска го остваруваме најголемиот успех на нашата земја. Знамето на Македонија се развиори во седиштетот на НАТО. Патот беше долг. Ние денеска водиме битка со коронатана, но за момент ќе одвоите време и да се израдуваме, ден кога нашето знаме за развиори со другите знамиња, рече техничкиот премиер на Македонија Оливер Спасовски.