Почина познат кантри пејач, само два дена откако дознал дека има коронавирус (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Познатиот кантри пејачот Џо Дифи почина во неделата на 62 години, само два дена откако дознал дека е позитивен на ковид-19.

– Кантри музичката легенда Џо Дифи почина денеска, недела 29 март, поради последица од коронавирусот. Неговото семејство бара приватност – напишал менаџерот.

Џо бил смирен кога дознал дека е заразен.

– Се грижат за мене и се лекувам. Семејството и јас бараме приватност во овие моменти. Сакам да потсетам, сите да бидат внимателни за време на оваа пандемија – рекол Џо во петокот. Обожавателите се тажни поради неговата смрт.

Џо во 1999 година доби Греми за најдобра кантри соработка. Познат е по бројни хитови, особено од 90. години на минатиот век. Издал 13 албуми.

останати вести