Податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, од каде вршат постојано детално ажурирање на сите нови случаи на заразени во целиот свет, покажуваат дека досега 602.262 луѓе се заразиле од вирусот, од кои 131.854 оздравеле, но 27.889 починале.
Сите овие забележани случаи се распространети во дури 177 државии и територии што се зафатени од пандемијата, односно во нив има барем по еден регистриран случај на коронавирусот.
Тоа е бројка што ги опфаќа речиси сите држави во светот, но сепак, се уште има 22 држави, во коишто официјално нема регистрирано заразени со Ковид-19.
Држави во кои не е забележана појава на коронавирус:
Јемен – Азија (29,825,964 жители)
Северна Кореја – Азија (25,778,816 жители)
Малави – Африка (19,129,952 жители)
Бурунди – Африка (11,890,784 жители)
Јужен Судан – Африка (11,193,725 жители)
Таџикистан – Азија (9,537,645 жители)
Сиера Леоне – Африка (7,976,983 жители)
Туркменистан – Азија (6,031,200 жители)
Боцвана – Африка (2,351,627 жители)
Лесото – Африка (2,142,249 жители)
Коморски Острови – Африка (869,601 жители)
Соломонски Острови – Океанија (686,884 жители)
Вануату – Океанија (307,145 жители)
Сао Томе и Принсипе – Африка (219,154 жители)
Самоа – Океанија (198,413 жители)
Кирибати – Океанија (119,451 жители)
Микронезија – Океанија (115,030 жители)
Тонга – Океанија (105,695 жители)
Маршалски Острови – Океанија (59,190 жители)
Палау – Океанија (18,094 жители)
Тувалу – Океанија (11,793 жители)
Науру – Океанија (10,823 жители)