“ОВА ЧУДОВИШТЕ Ѝ ГО ОДЗЕДЕ ЖИВОТОТ НА МОЈАТА ЌЕРКА“: Девојка почина од корона, а била потполно здрава (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Клои Мидлтон (21) наводно е најмладата жртва на коронавирусот во Велика Британија која претходно немала никакво заболување.

“На сите луѓе кои мислат дека е само вирус, ги молам повторно да размислат. Зборувам од лично искуство, бидејќи ова чудовиште и го одзеде животот на мојата здрава 21-годишна ќерка”, изјавила очајната, Дијана Мидлтон, мајка на Клои.
Нејзината тетка Емили Мистри за британските медиуми потврдила дека нејзината внука била секогаш здрава и рекла дека семејството е скршено од болка.
„Овој вирус е реален. Ве молиме, следете ги упатствата на владата. Заштитете се и заштитете ги другите! Вирусот не се шири самостојно, ЛУЃЕ го шират вирусот! Жиотот што го знаевме драстично се промени, но ако сите сега не дејствуваме за да се заштитиме себеси и другите, толку подолго ќе продолжи оваа агонија“, напишала нејзината тетка на социјалните медиуми.

Инаку, многу пријатели се збогуваат со Клои, но нејзината смрт длабоко ја потресе цела Британија. Од лекари до познати личности, многумина на Твитер ја споделуваат нејзината фотографија со предупредувањето – сфатете ја сериозно оваа болест за да спасат многумина како Клои.

 

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com