Гинекологот од Ниш, Билјана Натиќ Љумовиќ(59) е првата жртва меѓу здравствените работници заразени од коронавирус. Како што објави српскиот портал novosti.rs, таа починала од КОВИД 19 вчера околу 16 часот.
Починатата докторка работела во нишкиот Дом на здравјето, а починала на Инфективната клиника.
Била еден од најтешките пациенти, иако немала претходно регистрирани хронични здравствени заболувања.
Меѓу првите пациенти е приклучена на вештачка вентилација.
Здравствените власти од овој град се сомневаат дека се заразила работејќи прекувремено во приватна болница, а вирусот таму го донела повратничка од Италија.