Министрите за надворешни работи на земјите членки дадоа зелено светло за С. Македонија да ги отпочне преговорите за членство во Европската Унија.
Советот за општи работи постигна согласност дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ во најкраток можен рок, официјално објави техничкиот премиер, Оливер Спасовски, на прес конференцијата.
„Стигна верификацијата за успехот на нашите напори, за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции“, рече Спасовски и додаде:
“Без договорот од Преспа и без договорот за добрососеседство со Бугарија ова немаше да се случи. Овој успех е крај на нашето чекање од 15 години. Нашата перспектива е во Европската Унија. Тоа е точка од која враќање нема. Стануваме држава која почнува да преговара за членство во ЕУ. Ова е повеќе од заслужен успех, ова е признание кое требаше да го добиеме и порано.