Многумина сметаат дека причина за ширењето на вирусот беше мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Аталанта и Валенсија на „Сан Сиро“.
Голем број навивачи на Аталанта биле на стадионот, а кога се вратиле во своите домови веќе било доцна.
„На почетокот имаше многу дезинформации. Сите многу лесно го сфаќавме овој вирус. Мислевме дека тоа е обичен грип и дека треба да продолжиме нормално со нашите животи, но згрешивме. Кога видовме како луѓето околу нас почнаа да умираат, почувствувавме страв. Сигурно на „Сан Сиро“ тој ден имало луѓе кои биле заразени. Мислам дека денешната ситуација во Бергамо има врска со мечот од Лигата на шампионите во Милано. Грозно е што тој меч така се одигра со публика. Дури и на реваншот во Валенсија никој посебно не нѐ прегледа. Сите многу лесно го сфатија овој вирус“, вели капитенот на Аталанта додава Гомес.