Наместо од 6 часот, со оглед на најновата одлука на Владата за забрана за движење на населението во период од 21–05 часот, јавниот превоз ќе почне да сообраќа од 5 , најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.
– Заради проблемите кои што денес се појавија во јавниот превоз во Скопје, денес побаравме од Владата и беше донесена одлука да се скрати полицискиот час од 21-05 часот, а со цел избегнување на утринските гужви во автобусите.
Од утре, автобускиот превоз ќе се одвива од 05 часот наутро (како и до пред денешниот ден), за секој навремено и без гужви да стаса до својата дестинација.
Ова, секако не значи дека било кој од нас треба да се опушти во чувањето на сопственото и јавното здравје и да се придржува кон препораките на надлежните.
Ве замолувам, кој нема неопходни и неодложни обврски, да останете дома, стои во објавата на Шилегов.
Инаку, на страната „Против труење и загадување на народот“ денеска се појавија вознемирувачки фотографии за навалиците во автобусите на јавниот превоз во Скопје .