Иако поминаа четири дена од историската победа на Македонија над Германија од 2-1, реакциите не стивнуваат .
Една од македонските фудбалски легенди Митко Стојковски, членот на првата генерација во македонската репрезентација, сега вели – мора да го молиме Пандев да продолжи да игра за да одиме на Светско.
„Горан најави дека после Европското првенство ќе ја заврши фудбалската кариера. Сега ние мора да го молиме да продолжи да игра, да го молиме да остане во селекцијата, да пробаме да одиме на Светското првенство, па после него, нека оди во пензија. Многу е важен играчки, али пред сѐ како појава во соблекувалната. Има харизма, искуство и што е најважно, квалитет. Тој освои сѐ, желба му беше да направи успех со Македонија. За него можам да зборувам само во суперлативи“, вели Стојковски.
Инаку, селекторот Игор Ангеловски уште по историската победа во Тбилиси најави дека се надева дека Пандев ќе го има и за Светското првенство.