Петнаесетгодишното дете за кое претходно хрватските медиуми пренесоа дека починало сепак е живо и лекарите се борат за неговиот живот, пренесува 24 сата.хр.
Граѓаните се на улица во паника, добија препораки од министерството за внатрешни работи да држат растојание поради коронавирусот.
Додека пристигнуваат нови информации околу повредените, на социјалните мрежи се појави фотографија на мајки кои со своите деца бегаат од породилиштето Петроб Болница.
-Се е засега во ред. Нема повредени мајки и деца. Сите се згрижени – стои во пораката на авторот на едната од фотографиите.
Инаку, два силни потреси, првиот со јачина од 5,3, а вториот 5 степени, го погодија денеска рано наутро Загреб и предизвикаа штети на некои згради. ХРТ јавува дека има и повредени. Имало и трет удар со јачина од 3,7 степени во 7:41 часот.