Медицинската сестра Даниела Конфалонери, која во Италија неисцрпно работи за да спаси животи од новиот вирус КОВИД-19, се јавила во живо од болницата и раскажала како изгледаат деновите на најтешката борба која ја погодила оваа земја.
Таа, видно исцрпена, се обиделада ја пренесе состојбата во болницата:
“Работиме под голем стрес и напнатост. Психичката тензија се чувствува најмногу. За жал, не можеме да ја контролираме ситуацијата во Ломбардија затоа што има високо ниво на инфекција. Ние дејствуваме во оваа ситуација апсолутно итно. Проблемот е во тоа што голем дел од нашите вработени се дома, а мал број од нас сме тука секој ден“, рекла сестрата.
Таа изјавила дека веќе не ги бројат мртвите.
“ Состојбата во Милано е многу комплицирана Ова станува мачно, веќе не ги броиме мртвите. Погледнете ги дневните вести од Италија и можете да забележите како изгледа ситуацијата. Ова е незамисливо“, додала таа.
This caught me "we are not counting the dead anyone" said by a nurse in Italy. This is becoming sickening. #Covid_19 pic.twitter.com/swZC8XFqsB
— T'challa (@GodspowerWorld_) March 20, 2020