Тара Ленгстон, 39 годишна девојка од Англија и мајка на две деца, која што едвај дише заради коронавирусот, објави видео за да ги предупреди оние кои мислат дека нив не може да им се случи ништо, се неодговорни и не ги почитуваат препораките на институциите. Тара иако е млада и редовно вежба во теретана сепак не остана имун на опасноста со која се соочува светот.
“ Секое вдишување и издишување е како да имата стакло во белите дробови. За секој што ода вас сака да ризикува, само нека ме погледнЕ… Ако се заразите ќе завршите овде“ рекла Тара која вели дека сега се чувствува 10 пати подобро отколку од порано.
“Сега сум подобро. Имам цевчиња, имам и катетар… Ако случајно пушите, оставете ги цигарите, бидејќи во случај да се разболете ќе ви требаат белите дробови. Ако завршите во болница како јас, работата навистина станува лоша.