Британската телевизија „Скај њуз“ направи ексклузивно видео од болницата во Бергамо, по барање на докторите да му покажат на светот со што се соочуваат и сите да сфатат дека мора да се изолираат, за да се стави крај на многуте умирања и епидемијата.
Според Стјуард Рамзи од Скај њуз, глетката едноставно е застрашувачка. Маскирани, со гумени ракавици и во заштитно одела, Рамзи и неговиот тим се водени низ ходници низ кои одекнуваат гласови од луѓе кои навидум се во многу лоша состојба. „Прашувам во кој оддел сум“, вели Рамзи.
– Ова не е навистина оддел, ова е чекална, треба да го искористиме секој простор – кажува водачот, Вана Тонинели, шеф на канцеларијата за односи со медиумите во болницата.
Медицинските екипи во болниците во Италија водат војна, но ја губат битката. Преголемиот број заразени луѓе од коронавирусот ја преоптоваруваат секоја болница во северна Италија. Доколку продолжи оваа практика, лесно може да го собори и остатокот од земјата. Персоналот работи постојано, обидувајќи се да спречи дополнително влошување на состојбата на своите пациенти. Тие се обидуваат да ги спречат да умрат.
Медицинскиот персонал прикачува монитори и респиратори. Без нив, на пациентите може да им се влоши здравствената состојбата и да починат. Пристигнувањето на нови заболени луѓе во болницата е постојано. Пандемијата во овој дел од Италија практично е надвор од контрола.
Преку пластични балони што се поставуваат на главите на најболните, персоналот се бори да комуницира со пациентите и ги одржува во живот. Слабите едвај можат да зборуваат и над вревата во одделението и пумпите за дишење, скоро е невозможно да се сфати што зборуваат.
Болницата „Папа Џовани дваесет и трети“ е една од најнапредните во Европа, но дури и оваа голема и софистицирана болница е на колена. Никој не го очекуваше ова, никој дури не замислуваше дека ќе се лекуваат толку многу пациенти толку брзо – додава Рамзи.