Принцот Алберт Втори од Монако е позитивен на новиот коронавирус, соопшти палатата на кнежевството.
Само пред 24 часа, принцот Алберт Втори најави дека кнежевството ќе биде ставено во карантин се до следното известување.
Алберт Втори чие целосно име е Алберт Александре Луис Пјер Грималди, е актуелен кнез на Монако и старешина на владејачката династија Грималди.
Тој владее со кнежевството од 6 април 2005 година и е син на Рание Трети и поранешната холивудска актерка, Грејс Кели.