УЕФА го одложи европското првенство за следната година

by Тони Зографски

Европската фудбалска унија (УЕФА) го одложи Европското првенство закажано за летово од 12 јуни до 12 јули во 12 градови низ Европа, па денеска на видео-конференцијата, раководството од Нион соопштило дека се презакажува континенталниот шампионат за идното лето.

Шпански и италијански медиуми веќе објавија дека УЕФА на националните федерации им ја соопштила одлуката за одложување на Евро 2020, а норвешката федерација веќе го откри терминот – идната година ЕП ќе се игра од 11 јуни до 11 јули. Со ова откажување се одложуваат нормално и баражите за пласман на Евро 2020, меѓу кои и мечот Македонија – Косово, но допрва ќе треба да се соопштат детали за новите термини.

УЕФА претходно објави во видео-конференцијата со лигите, клубовите и здружението на фудбалерите дека сезоната ќе продолжи од 3 мај, а да заврши до 28 јуни, а ако коронавирусот и пандемијата тоа не го дозволат, тогаш да се поништат шампионатите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com