Италијанскиот архитект Виторио Греготи почина од коронавирусот во една во болница во Милано.
Греготи кој имаше 92 години е познат по преоктирањето на Олимпискиот стадион во Барселона. Тој е автор и на стадионот во Џенова на кои настапуваат италијанските прволигаши Џенова и Сампдрорија.
Греготи исто така ја проектираше и Арцимболди операта во Милано, направена како алтернатива на миланската “Скала“ додека се реновирала во периодот од 2002 до 2004 година.
Инаку, Кариере дело спорт пишува дека во истата болница се наоѓа и неговата сопруга, Маријана Маца, но не е наведено дали и таа е заразена со коронавирусот.