Прогласена вонредна состојба во Србија поради коронавирусот

by Тони Зографски

На вечерашното обраќање кон нацијата, претседателот на Србија, Александар Вучиќ прогласи вонредно состојба на територијата на целата држава.

-Србија од денеска е во војна против невидлив противник кој мора да го победиме. Борбата која е пред нас е борба за нашите родители и иднината – изјави Вучиќ.

Со вонредната состојба ќе бидат затворени школите, градинките и факултетите, а ќе се ограничи работењето на угостителските објекти.

Инаку, во Србија попладнево се потврдени уште два случаја на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 48, соопшти српското Министерство за здравство.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com