Кралицата Елизабета Втора (94) ја напушти Бакингамската палата и се сели во замокот Виндзор, откако советниците рекоа дека е „најдобро да се спречи евентуална зараза од короната“.
– Кралицата се чувствува добро, но ова е најдобар потег за неа. Многумина од нејзините вработени се во паника поради вирусот. Палатата постојано прима гости, вклучувајќи и политичари од целиот свет. Кралицата се сретна со многу луѓе во последно време. Само неколку недели ја делат од 94 роденден и најдобро е да се тргне од палатата – рекол извор од кралското семејство за британските медиуми.
Инаку, моментално се размислува дали ќе се откажат планираните забави за мај и јуни, кои би вклучувале околу 30.000 гости. Исто така планиран е карантин за кралицата и принцот Филип (98) во Сандрингам, доколку епидемијата се влошува.