“НАЈВАЖНО Е ДА НЕ ПАНИЧEТЕ“: Искуство на Американка која го победи коронавирусот (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Елизабет Шнајдер (37) од Сиетл која се опоравува од коронавирусот, во интервју за Си-Ен-Ен верува дека вирусот го „фатила“ на домашна забава, бидејќи неколку дена подоцна се разболеле повеќе нејзини пријатели кои биле присутни, и тоа во исто време како и таа. Три дена по забавата на 22 февруари Елизабет била на работа кога и се слошило.

– Чувствував умор, болка во целото тело, главоболка и блага грозница, па одлучив да одам дома – вели таа за Си-Ен-Ен. Кратко спиела, а кога се разбудила имала температура 38,3 степени Целзиусови, а кога повторно легнала истата се искачила на 39,4 степени.

– Мислев дека имам тежок грип – вели Елизабет.

Воопшто не ѝ паднало на памет дека тоа може да биде новиот коронавирус бидејќи симптомите не се вклопувале. Не кашлала и воопшто немала проблеми со дишењето. А потоа дознала дека десетина од нејзините пријатели кои биле на истата забава се разболеле истиот ден, во истото време, со многу слични симптоми. Сепак, таа и нејзните пријатели не се тестирани за коронавирусот. Лекарите мислеле дека станува збор за грип, а потоа резултатите за тестирањето за оваа болест биле негативни.

– Мислам дека најважното што сакам да им го порачам на другите е: ве молам, најважно е да не паничете. Ако сте здрави, млади, се грижите за себе кога сте болни, ќе се опоравите, верувајте ми. Јас сум жив доказ за тоа – рече таа.

Си-Ен-Ен укажува дека Елизабет сепак на својата страна ја има младоста и генерално добрата здравствена состојба. Новиот вирус за постарите луѓе или за луѓето со веќе постоечки медицински проблеми, како срцеви болести или дијабет може да биде фатален.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com