Претставникот на Министерството за здравство, Сотирис Циодрас, синоќа објави дека покрај музеите и останатите уметнички локации се затвораат и сите трговски центри, кафулиња, барови, ресторани, односно, сите угостителски објекти освен оние за достава на храна.
Ќе работат самопослугите, пекарниците и слаткарниците кои немаат маси и столици, аптеките и приватните здравствени установи.
Грците во моментов прават домашни залихи во кои доминираат антисептици, ориз и тестенини.