Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Жао Лијан одговори денеска на обвинувањата од некои американски официјални лица дека Кина споро и недоволно транспарентно реагирала на коронавирусот и дека е можно токму американската војска го донела вирусот во кинескиот град Вухан, жариштето на епидемијата.
Имено, американска војна делегација ланскиот октомври била во Вухан за да присуствува на Светските војни игри, токму неколку недели пред декември, кога е потврден вирусот. Делегацијата ја сочинувале 300 луѓе кои учествувале на ова спортска манифестација.
Исто така бившиот премиер на Малезија, Матијас Чанг во јануари изнел слична хипотезе, тврдејќи дека токму таа манифестација бил почеток на “биолошката војна на САД против Кина“.
Американскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан рече вчера дека Кина во почетокот не ја третира епидемијата со коронавирусот правилно и дека тоа веројатно го чинеше светот два месеци кога можеше да се подготви и драматично да ја намали епидемијата.
„Кога е откриен нултиот пациент во САД? Колку луѓе се заразени? Кои се имињата на болниците? Можеби американската војска ја донесе епидемијата во Вухан. Бидете транспарентни! Објавете ги податоците! САД ни должат објаснување!“, напиша Жао на англиски јазик на Твитер.
Ројтерс напоменува дека Жао не понудил никаков доказ за својата сугестија дека можеби американската војска е виновна за епидемијата во Кина.
2/2 CDC was caught on the spot. When did patient zero begin in US? How many people are infected? What are the names of the hospitals? It might be US army who brought the epidemic to Wuhan. Be transparent! Make public your data! US owe us an explanation! pic.twitter.com/vYNZRFPWo3
— Lijian Zhao 赵立坚 (@zlj517) March 12, 2020