Поради ширењето на коронавирусот непалските власти донесоа одлука за забрана за качување на Монт Еверест. Откажани се сите планинарски дозволи до 30 април.
Претходно, кинеските власти забранија качување на највисокиот планински масив од кинеска страна.
Инаку, на неодредено време немa да се издаваат дозволи за качување, и сите странци кои сепак ќе дојдат во Непал ќе бидат ставени во двонеделе карантин.