Лондонскиот премиерлигаш Челзи утринава потврди дека Калум Хадсон-Одои бил позитивен на тестот на корона вирус и се наоѓа во самоизолација. Од клубот објавија дека 19-годишниот крилен играч имал симптоми слични на грип во понеделникот, па тогаш не тренирал, а веќе наредниот ден било утврдено дека се заразил со корона вирусот кој ја „тероризира“ цела Европа.
„Сите оние кои имале близок контакт со Калум Хадсон-Одои ќе продолжат да работат нормално. Калум од понеделникот е надвор од екипата, затоа што откако се појавија симптомите на прехлада, беше тестиран на Коронавирусот. Од денеска тој е ставен во изолација и се чувствува добро. Му посакуваме брзо опоравување и едвај го чекаме неговото брзо враќање на теренот“, стои во соопштението од Челзи.
И покрај тоа што има корона, Калум-Хадсон се чувствува добро и очекува брзо враќање на терените.
Инаку, вчера Арсенал потврди дека тренерот Микел Артета е заразен со КОВИД-19.