Шпанското фудбалско првенство се прекинува на најмалку две недели откако Реал Мадрид објави дека неговите играчи одат во карантин.
Ваква одлука беше донесена откако играч на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, кој го дели истиот тренинг-центар со фудбалерите, имал позитивен тест на коронавирус. Реал во вторник треба да го игра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер сити. Шпанскиот весник „Марка“ објави дека УЕФА планира да го прекине натпреварувањето во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Инаку, Реал Мадрид презеде мерки за самозаштита од коронавирусот. Имено ставен е катанец на “Сантијаго Бернабе“ а затворен е и клупскиот музеј.