Зеничанка која е првата заразена со коронавирус на подрачјето на Босна и Херцеговина наводно присуствувала на прослава за 8 Март во ресторан во Зеница, пред да дознае дека е позитивна на вирусот, пренесува „Аваз“. На прославата присуствувале околу 500 луѓе. Освен тоа, како што рекле нејзини блиски, таа користела и јавен превоз, поради што сите тие се во паника.
51-годишната била тестирана дома, а откако се вратила од Италија со членовите на нејзиното семејство. Првично се наоѓала во самоизолација, а денеска била пренесена во изолационен стационар на Кантоналната болница во Зеница.
Како што е денеска соопштено на прес-конференција од Кризниот штаб на Зеничко-добојскиот кантон, освен жената, ќе бидат тестирани и двајца членови од нејзиното семејство.
Во меѓувреме, поради појавата на кроонавирусот во земјата, под надѕор се наоѓаат околу 80 луѓе на подрачјето на Зеничко-добојскиот кантон.
ФОТО: Аваз