TРАГЕДИЈА: Украинскиот шаховски првак и девојка му загинаа од гас за смеење (ФОТО)

by Тони Зографски

27 годишниот украински шаховски шампион Станислав Богданович и неговата 18 годишна девојка Александра Вернигора се пронајдени мртви во нивниот стан во Москва, јавува „Би-Би-Си“. Најверојатно умреле од труење со гас за смеење.

Покрај телата на Станислав и Александра која исто така професионално се занимава со играње шах, имало балони со азотен оксид.

Вернигора студирала на државниот факултет во Москва, а Богданович беше првак до 18 години, на првенствата во Украина и освоил бројни меѓународни турнири и награди. Тамошните медиуми пишуваат дека Богданович неодамна бил критикуван бидејќи на меѓународниот натпревар ја претставувал Русија и тогаш ја победил Украина.

Инаку, азотниот оксид, со кој се затруле младите Украинци, првпат се користел во 1844 година како анестетик, а сега се користи како рекреациска дрога. Од таквата употреба досега умреле многу луѓе, а може да предизвика потешкотии со дишењето, забрзување на работата на срцето и изгореници.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com