Против три лица од Шабац, Србија, се поднесени кривични пријави под сомнение за изнуда, но и за силување. Бојан С. (25), Иван И. (32) и Марко В. (36) се обвинети за изнуда на пари и силување на извесен Никола П.
Според извори блиски до истрагата, осомничените дошле кај Н.П. и побарале пари за трето лице, на кое наводно тој му должел пари.
Како што дознава „Блиц“, Н.П. позајмил 200 евра пред една година од малолетник(16), против кого исто така е покрената постапка.
Бидејќи Н. П. не го вратил долгот, малолетникот, кој наводно се занимавал со рекетарство, ги ангажирал Бојан С, Иван И. и Марко В. за да го „притиснат“ и да го исплати долгот.
Бидејќи не успеале со изнудата, тие примениле сила, а се сомнева дека го силувале, што би требало да се докаже при истрагата.
Младите биле сослушувани и одреден им е мерка притвор, во траење од 30 дена.