Најмалку осум членови на еден тим во Гвинеја загинале во тешка сообраќајна несреќа. Во несреќата која се случила на патот од Тимба кон Мау, има и 19 повредени.
Според првичните проценки возачот изгубил контрола над автобусот, а се претпоставува дека откажале сопирачките. Петмина фудбалери загинале на лице место, тројца на пат кон болница. Дури 19 се повредени од кои 17 сериозно! Во минибусот имало 23 патници.
Овој инцидент е втор во Гвинеја од почетокот на годината. На 30 јануари, тројца играчи од клубот Вакрија ги загубија животите со сообраќајна несреќа.