ЗАРАЗЕН И БРАТОТ НА ХРВАТОТ КОЈ БЕШЕ НА ФУДБАЛСКИ МЕЧ ВО МИЛАНО: Второ случај на коронавирус во Хрватска

by Тони Зографски

Хрватскиот министер, Вили Берош го потврди и вториот случај на коронавирус во Хрватска. Инфициран е и братот на дечкото кој вчера имаше позитивен наод – објави ХРТ.

Првиот пациент со коронавирус во Хрватска неколку дена пред откривање на оваа болест бил на стадионот „Сан Сиро“ во Милано следејќи го натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија во Лигата на шампионите. Со него бил и брат му кој е вториот заразен од коронавирус во Хрватска.

Од компанијата Ериксон Никола Тесла, каде е вработен, потврдија дека тој навистина бил присутен на „Сан Сиро“.

„Тој во средата, 19 феврури 2020, беше на годишен одмор во Милано, следејќи фудбалски натпревар. Потоа се врати в петокот на работното место во Загреб. Според информациите што ги имаме од неговото семејство, во неделата е примен во болница со симптоми на болеста, а дополнително е утврдено присуство на коронавирусот во неговиот организам“, се вели во соопштението на компанијата.

Инаку, пристигнал и тестот на девојката која била тестирана, но анализите покажале дека таа нема коронавирус.
фото:24сата.хр

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com