ПАНИКА ОД КОРОНАВИРУСОТ: Хрватите ги празнат рафтовите во продавниците (ФОТО)

by Тони Зографски

Откако денеска беше регистриран првиот случај на инфекција со коронавирус  во Хрватска, рафтовите во продавниците по хрватските градови почнаа да се празнат.

-Веројатно, некои од луѓето се исплашени по информациите од Италија, каде биле пријавени стотици случаи на инфекција со коронавирус и засега има седум мртви, како и од сликите каде што се гледаат полупразни продавници,- објавува Seebiz.

Најмногу се купуваат залихи на храна – првенствено ориз и тестенини, како и основни потреби, како тоалетна хартија. Луѓето купуваат и конзервирана храна, вода и средства за дезинфекција.

Во големиот синџир со продавници „Конзум“  веќе нема залихи од ориз. Истото важи и за брашно и интегрален тост, кои не се на залиха.

Во аптеките низ цела Хрватска има недостиг на заштитни маски, а некои и се обидуваат и да заработат пари. Имено, добавувачите кои се занимаваат со медицински материјали и фармацевтски производи нудат маски за околу едно евро (осум куни). Вообичаената цена на маската е 0,17 куни.

Инаку, првиот пациент со коронавирус во Хрватска неколку дена пред откривање на оваа болест бил на стадионот „Сан Сиро“ во Милано следејќи го натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија во Лигата на шампионите.

Од компанијата Ериксон Никола Тесла, каде е вработен, потврдија дека тој навистина бил присутен на „Сан Сиро“.

„Тој во средата, 19 феврури 2020, беше на годишен одмор во Милано, следејќи фудбалски натпревар. Потоа се врати в петокот на работното место во Загреб. Според информациите што ги имаме од неговото семејство, во неделата е примен во болница со симптоми на болеста, а дополнително е утврдено присуство на коронавирусот во неговиот организам“, се вели во соопштението на компанијата.

фото: 24 часа. хр

 

 

 

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com