Девет лица се убиени во пукање во две наргиле бара во градот Ханау во близина на Франкфурт. Повредени се најмалку четири лица.
Според пишувањето на Билд, напаѓачите прво застрелале три лица во наргиле барот “Миднајт“ во центарот на градот, а потоа заминале во ресторан за пушење на наргиле во кварот Кеселштад, каде шти убиле уште пет лица во барот “Арена“. Подоцна починал уште еден од повредените.
Според последните информации уапсено е едно лице за кое постои сомнеж дека е поврзано со нападите.
#hanau pic.twitter.com/nLmVZzUL8p
— denerfun (@dnerfunboss) February 19, 2020