Се формира шума под врвот Клепа, општина Градско за спомен на двајцата планинари кои загинаа искачувајќи се на врвот Кајмакчалан На површина од илјада метри квадратни се посадија садници од шумата во формирање ,,Калина и Александар,,. Таа е на 600 метри надморска височина, под врвот Клепа во општина Градско.
Деновиве десетина волонтери, вљубеници во природата од Еколошката групација ,,Зелена сила,, засадија 400 садници бреза, чемпрес, јавор, јасен и бел бор, донација од ЈП Македонски шуми а просторот се наоѓа на границата помеѓу општините Градско и Росоман, пренесе тирековмирече.ком
Годинава започнавме да ја формираме шумата посветена на нашите пријатели Калина Велеска и Александар Миновски кои трагично ги загубија животите на 10-ти февруари 2018-та при искачување на врвот Кајмакчалан. Една недела пред тоа со Калина бевме на искачување на Клепа и таа попатно засади една млада садница, токму на овој простор каде сега засадивме нови 400 и ги полеавме со два тони вода. Нејзината садница е во средина. Оваа шума нека биде вечен помен за нашите другари, кои ќе останат бесмртни. Шумата секоја година на традиционалното искачување на Клепа ќе станува се поголема, со засадување нови садници -рече Игор Смилев еден од иницијаторите, од ЕГ ,,Зелена сила.