Македонски државјанин на возраст од 48 години загинал вчера во сообраќајна несреќа во Костиљоле во провинцијата Асти, јавуваат италијанските медиуми.
Македонецот, кој живеел во Санто Стефано Белбо, со својот автомобил „фиат стило“ утрото одел на работа во Канале. Во еден момент излетал од патот и удрил во ѕидот од дворот на куќа покрај патот.
Според првичните информации, на местото немало траги од сопирање, па „фиатот“ најверојатно не се движел со голема брзина, односно на возачот му се слошило поради што изгубил контрола врз возилото. Автомобилот удрил во ѕидот, но Македонецот немал видливи повреди по телото. Неговото тело било најдено надвор од автомобилот а претпоставките се дека излегол од возилото и починал, но засега полицијата не ги потврдува овие наводи бидејќи се работи на расчистување на случајот.