Американските медиуми пишуваат дека телата Коби Брајант и неговата ќерка Џиана Марија биле предадени на сопругата Ванеса. Во моментов се организира погреб на кошаркарот, иако датумот засега не е познат, а исто така останува на Ванеса да реши дали тоа ќе биде со присуство на публиката или церемонијата ќе биде само за членовите на семејството и пријателите.
Меѓу настраданите се пилотот Ара Зобајан, патниците Кристина Маузсер, Сара и Пајтон Честер, додека остатоците од Џон, Кери и Алиса Алтобели сè уште не се преземени.
Инаку, голем број навивачи се собраа пред „Стејплс центарот“, каде што оставија писма, фотографии и маички, а сите предмети ќе ги добие сопругата на Коби.
“Ванеса ни се јави и ни кажа: „Моето семејство ги сака тие работи.“ Ќе го означиме секој предмет, маица, писмо, кошаркарска топка, плишана играчка. Ќе ги ставиме во посебни контејнери и ќе ги испорачаме до семејството, изјавила претседателката на управата на центарот.