Лејла Џаџеа Абдала од Австралија за секунда остана без своите три деца, откако во саботата на нив налета пијан возач. Лејла вели дека му простува будејќи чувствувала дека “нејзините ангели се добро“.
Децата оделе да купат сладолед кога во саботата на тротоар ги удрило возило, навела полицијата.
Во несреќата загинаа нејзините три деца, 13-годишното момче Ентони и 12-годишната Анџелина и 9-годишната Сијена, додека нивниот 10-годишен брат е тешко повреден. Четвртото дете кое починало е 11-годишната Вероника, ќерка на роднина на нивниот татко.
Лејла во понеделникот го посетила местото на несреќата, прочитала молитва, а ги прочитала и пораките кои стотици луѓе ги оставија на местото на трагедијата. Таа изјавила дека не може да го мрази возачот, но не сака да го види.
-Дени и јас сме благословени што имаме шест деца. Многу ги сакавме нашите деца… Можам да осетам како ме гушкаат. Ги учевме да читаат Библија, да бидат верници и добри луѓе – рекла Лејла.
Инаку, возачот што ги усмрти 4 деца е уапсен и ќе биде обвинет по 20 точки од областа на загрозување на безбедност во сообраќајот со смртни последици.