ЛА Лејкерс синоќа го одиграа првиот натпревар во „Стејплс Центар“ по смртта на Коби Брајант. Беа поразени од Портланд со резултат 119-127, но никој нема да се сеќава на него. “Стејплс центар“ му се поклони на еден од своите најголеми синови Коби Брајант.
Целата сала беше со дресовите 8 и 24. На местото каде што седеа Коби и ќерка му Џиџи имаше положено цвеќе. Никој неможеше да ги сокрие солзите. На неколку пати се скандираше “Коби, Коби…“.
Пред почетокот на мечот одржа говор и пред навивачите се обрати Леброн Џејмс. Него смртта на Брајант и тоа како го погоди сооглед на тоа што беа многу блиски и се слушнале неколку часа пред трагедијата. Џејмс на почеток ги прочита имињата на сите жртви, а потоа се обрати на фановита на Лејкрс.
„Имам нешто напишано, бараат од мене да одржам говор, но нема да ви го продавам ова срање што пишува и ќе ви говорам од срце. Семејството секогаш е на прво место и додека ве гледам вас во салата, гледам дека сите сме во жалење, повредени сме и срцето ни е скршено. Кога доаѓав во Лејкерс ми велеа дека тоа е семејство и во неделата видов дека тоа е така. Ова е навистина семејство и знам дека Коби, Џиана и Ванеса ви се заблагодаруваат за ова“ кажа Леброн и додаде:
„Знам дека ќе имаме сеќавање на Коби, но ова е слава за мене. 20 години тренинг, пот, желба, крв и солзи за успех. Вечерва го славиме момчето кое овде дојде со 18 години. Коби ми е брат и додека бев во средно и го гледав, сите битки кои ги водевме на теренот секогаш делевме желба да бидеме најдобри во тоа. Со соиграчите го продолжуваме она што тој го остави. Ќе играме кошарка бидејќи тој тоа најмногу го сакаше“.