Познати звезди и негови колеги му укажат последна почит на Коби Брајант. Помеѓу спортистите кои се простија од Коби Брајант беше и Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ откри нешто што до сега јавностан е го знаеше. Коби бил еден вид ментор во најтешките период во неговата кариера пред неколку години.
„Коби беше еден од луѓето кои беа мои ментори. Секогаш беше покрај мене кога минував низ најтешките периоди во мојот живот, ми даваше совети со кои ме охрабруваше да не се предавам и да продолжам да се борам. Вечно ќе му бидам благодарен“, порача Ѓоковиќ.
Леброн Џејмс беше снимен како растревожен со плачење го напушта тимскиот авион на Лос Анџелес Лејкерс. Според присутните, Леброн е во шок, токму вчера тој го помина Коби Брајант на вечната листа на поентери во НБА. иако на паркетот беа ривали, приватно беа големи пријатели. Леброн го престигна Коби и го потистна од третата позиција на листата на сите времиња на поентери во НБА-лигата. Тој има 33.655, а Коби остана на 33.643.
„Продолжуваш да ја движиш играта нанапред. Многу почит брате мој“, напиша Брајант.
Токму на Леброн, Коби му го посвети неговиот последен твит. Симболично, му ја предаде палката на неговиот наследник не само во дресот на Лејкерс, туку најголема суперѕвезда во светот на кошарката.
Меѓу илјадниците светски спортисти кои вечерва се збогуваат со Коби е и најголемиот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан. „Летечкиот Џордан“, скршен од болка изрази сочувство до неговата сопруга и до навивачите и управата на ЛА лејкерс.
„Во шок сум од веста дека Коби и Џиана Брајант загинаа во трагична несреќа. Мојата болка не може да биде опишана со зборови. Го сакав Коби, ми беше како помал брат. Често разговаравме и дека тие наши конверзации многу ќе ми недостасуваат. Беше бестрашен натпреварувач, еден од најголемите во кошаркарскиот спорт. Истовремено, беше неверојатен татко, кој многу си го сакаше семејството и кој беше горд што неговата ќерка Џиана беше вљубена во кошарката“, напиша Џордан во изјавата за медиумите.
И големиот Меџик Џонсон беше еден од легендарните кошаркари од славната американска генерација и првиот „дрим тим“, кој на социјалните мрежи се прости од својот пријател посочувајќи дека не може да престане да плаче откако ги слушнал ужасните вести.
„Се обидувам нешто да напишам, ама мозокот ми лета. Не ми се верува, цело утро плачам после ужасните вести дека Коби и неговата млада ќерка Џиџи загинале во хеликоптерска несреќа. Скршени сме со Куки“, објави Меџик.
И двете најголеми фудбалски ѕвезди Кристијано Роналдо и Лео Меси испратија пораки преку Инстаграм.
– Толку сум тажен што слушнав срцепарателни вести за смртта на Коби и неговата ќерка Џиана. Коби беше вистинска легенда и инспирација на многумина. Им испраќам сочувство на неговото семејство, пријателите, но и на семејствата кои ги загубија најблиските во несреќата. Почивај во мир легендо, – порача Роналдо.
– Немам зборови… Ја испраќам сета моја љубов до семејството и пријателите на Коби. Беше чест да те запознаам и да минам убави моненти заедно со тебе. Ни замина еден гениј какви што ги иман многу малку, – гласи пораката на Меси.