Србинот Иван Ѓорѓевиќ (32) кој завчера избега од загребскиот затвор Реметинац синоќа е уапсен во еден тамошен хостел. Тој претходно се пожалил дека голтнал батерија и со Итната помош бил пренесен во Виноградската болница. Иван во еден момент побарал да отиде во тоалет, што полицајците му одобриле, а тоа се случило на неколку пати. Последното одење во ве-це завршило со бегство.
Преку камерите на РТЛ се гледа дека тоалетот нема прозор, но во него се наоѓа две метри висок ѕид, кој не е споен со кровот. Тоа значи дека затвореникот преку него се префрлил во соседната просторија во која имало прозорец и преку се спровнал и избегал.
Додека полицијата сватила што се случило, тој веќе бил на загребските улици.
Инаку Иван Ѓорѓевиќ бил во притвор поради шверц на емигранти кога во јуни во бркотница со хрватскат полиција се забил во блокадата кај Лучко.
фото:24сата.хр