Нов хорор во селото на на Малчанскиот берберин, Малча кое се наоѓа во близината на Ниш. Елизабета С. (52) од ова село вчера пријавила дека ја киднапирале двајца мажи во црни фантомки и ја одвеле во селото Пасјача, каде наводно во текот на ноќта ја тепале, силувале и барал да го врати долгот од 500 евра, кој им го должел нејзиниот маж, – пишува Информер.
По тортурата, жената била вратена во селото Малча и исфрлена од автомобилот.
Обвинителството каде што бил пријавен случајот, ја испратило жената на лекарски преглед во болница, коде е потврдено дека има повреди на телото. Засега се чекаат резултатите од анализата кои ќе покажат дали Елизабета била силувана.
Инаку, од селото Малча е Нино Јовановиќ, познат како „Малчанскиот бербер“ кој на 20 декември ја киндапираше 12- годишната Моника. Тој моментално се наоѓа во затворот во Ниш.