Грците се обидуваат да најдат мотив за нападот на Дарко Ковачевиќ, а најновата теорија е дека напаѓачот се обидел да го убие поранешниот фудбалер поради неговата ќерка Стела. Tие шпекулираат дека убавата 22-годишна Стела и во минатото имала проблеми и поради тоа не е исклучено сега во нејзините „сомнителни“ дејствија несвесно да го вклучила и својот татко.
Таа во 2017 година беше учесник во тешка сообраќајна несреќа и тоа како совозач. Во несреќата беа повредени тројца нејзини пријатели, а најтешки повреди имал возачот на вториот автомобил на кого Дарко Ковачевиќ му го платил лечењето.
Минатата година, Стела била уапсена поради поседување на хашиш, а полицијата ја уапсила додека била во автомобил со уште една девојка и со две момчиња.
Инаку, Дарко Ковачевиќ во вторникот беше застрелан во ногата пред неговиот дом во Атина. Полицијата неколку часа подоцна го пронајде запален автомобил на околу 700 метри од местото на нападот. Полицијата е убедена дека напаѓачот го возел токму тој автомобил бидејќи во него бил пронајден и пиштол.