ИНЦИДЕНТ ВО ЗАГРЕБ НА БАДНИК: Жена се дерела и ги навредувала православните верници

by Тони Зографски

Синоќа во текот на литургија по повод православниот Божиќ, во Соборната црква Преображениот Господово во центарот на Загреб се случи инцидент. Имено, инцидентот го предизвикала жена која се дерела и ги навредувала православните верници, објави РТЛ.

„Се дереше, викаше и ги навредуваше православните вернци. Полицијата реагираше за десетина секунди и тоа е за пофалба. Никој од верниците не реагираше. Вакво нешто не смее да се случи, посебно на еден вака голем верски ден. Утре е Божиќ и православните ќе го дочекаат по својата традиција како и секоја година, синоќа изјави новинарот на РТЛ Борис Мишевиќ.

Полицијата брзо ја привела жената која го предизвикала инцидентот.

„Добивме дојава. Нашите службеници брзо си ја завршија својата работа, а жената доби прекршочна пријава поради нарушувањето на јавниот ред и мир“, изјавија од  полицијата.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com