Шест германски туристи загинаа, а 11 се повредени кога ноќеска автомобил удри во група луѓе во Јужен Тирол.
Во групата биле 17 туристи, а на лице место настрадале шесмина германски државјани.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, тројца повредени се во критична состојба.
Според неофицијални информации возачот на атомобилот бил во алкохолизирана состојба.
Полицијската истрага е во тек.